Тринаесет земји на ЕУ преку „нон-пајпер“ бараат да се отворат преговорите со Скопје и Тирана

Идејата е да се иницира покана за отворање на преговорите за пристап со Северна Македонија и Албанија, изјави за ЕурАктив неименуван дипломат од една од земјите вклучени во иницијативата.

290

Тринаесет земји-членки на ЕУ, воглавно нови членки од Централна и Источна Европа, Австрија и Италија, изготвија нацрт документ со цел да го оживеат кредибилитетот на политиката на проширување на Унијата, пред се кога станува збор за Западен Балкан. Документот, кој има форма на „нон-пајпер“, би требало да биде презентиран на состанокот на амбасадорите на ЕУ на 12 јуни во Брисел.

Зад документот стојат Естонија, Литванија, Латвија, Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Бугарија, Италија, Австрија, Хрватска, Словенија и Малта, објави ЕурАктив Белград (Меѓународна Интернет мрежа на агецијата Бета, посветена на активностите на ЕУ).

– Идејата е да се иницира покана за отворање на преговорите за пристап со Северна Македонија и Албанија, изјави за ЕурАктив неименуван дипломат од една од земјите вклучени во иницијативата.

„Тоа е и  форма на притисок, која треба да укаже дека дилемата- дали ни е потребно прво зајакнување на ЕУ, а дури потоа проширување, е лажна и погрешна. Ако овие два процеса не одат рака под рака, ЕУ наскоро повторно ќе се соочи со Западниот Балкан, но за жал, на начин кој ќе биде многу пообемен и болен за двете страни“, објаснил дипломатот.

Европската комисија формално препорача отворање преговори со Скопје и Тирана, но оваа одлука треба да ја потврдат сите членки на Европскиот совет.

-Се потешко е да се разбере оваа лажна дилема, бидејќи станува збор за отворање преговори, а не само за проширувањето. Запад очигледно ова не може да го разбере, изјавил дипломатот за ЕурАктив.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...