Тринаесетгодишно момче повредено во сообраќајка во Скопје

205

Тринаесетгодишно момче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа вo 20:00 часот на крстосница од булеварот Никола Карев и улицата 362 во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје, а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А (13) од Скопје. Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

По незгодата , момчето се упатило во неговиот дом, а потоа роднина го однел во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош тоа е пуштено на домашно лекување.

За сообраќајната незгода известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...