Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи
Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја
пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при
што се санкционирани 36 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Откриени се и 64 останати прекршоци за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози. Вчера Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје низ централното градско подрачје презеде и мерки за непрописно паркирање на патнички возила. Притоа, во периодот од 8 до 24 часот, со специјално возило пајак се подигнати вкупно 54 возила, а преземени се вкупно 63 мерки за непрописно паркирање на патнички возила – додадоа од МВР.