Триесет и три жртви на геноцидот во Сребреница ќе се погребаат во Поточари

52
ФОТО: МИА

Во Меморијалниот центар Поточари денеска ќе бидат погребани посмртните останки на 33 нови идентификувани жртви, кои се пронајдени во масовни гробници во близина на Сребреница.

Секоја година на овој ден во Меморијалниот центар се организира сеќавање на жртвите од геноцидот.

Кон крајот на војната во Босна, на 11 јули 1995 година, силите на босанските Срби извршија масакр врз 8.000 босански мажи и момчиња во муслиманската енклава Сребреница. Тоа масовно убиство, кое е признато за геноцид од страна на меѓународното судство, е најтешко извршено злосторство во Европа по завршувањето на Втората светска војна.

На гробиштата на Меморијалниот центар Поточари досега се погребани останките на 6.610 жртви, кои се идентификувани со ДНК анализа. Се трага по уште над 1.000 исчезнати жители на Сребреница.

Досега Меѓународниот трибунал во Хаг, Судот на БиХ и судовите во Србија и Хрватска осудиле вкупно 47 луѓе со над 700 години затвор, издадени се четири доживотни пресуди за геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства во Сребреница.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...