Триесет и едногодишна тиквешанка се затрула со апчиња

438

Триесет и едногодишна тиквешанка се затрула со апчиња, потврдија од МВР за МИА.

– Синоќа во 20:37 часот во СВР Велес е пријавено дека во Општа болница Кавадарци е донесено затруено женско лице кое испило повеќе таблети. Полициски службеници од ОВР Кавадарци по извршени активности констатирале дека станува збор за 31-годишна жителка на тиквешко село, која се затрула со испивање на повеќе таблети во нејзиниот дом, појаснуваат од МВР.

За случајот е известен јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...