По предлог на јавен обвинител на 20-годишното момче од Драчево, кој со нож ја уби својата баба попладнево му е определен 30-дневен притвор.
Јавниот обвинител донел наредба за спроведување истрага против осомничениот за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – убиство.
Имено, осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка, нанесувајќи и повеќе убодни рани со нож, од кои една засецна рана во пределот на вратот била смртоносна.
„Извршителот вчера сам се пријавил во полициска станица и признал дека ја лишил од живот неговата баба. Мотивите за кривично-правниот настан се уште се утврдуваат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, а се вештачат и трагите и материјалните докази пронајдени на лице место при извршениот увид“, велат од Обвинителството.