Во 19 часот вчера било пријавено дека во село Љубин, скопско, И.В.(42) додека влегувал во неговиот двор со патничко моторно возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, без да забележи, го удрил неговиот тригодишен син.
Повреденото дете било однесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде биле констатирани тешки телесни повреди.