Расте бројот на повредени граѓани по земјотресите кои попладнево ја погодија Албанија. Земјотресите најмногу ги погодија Тирана и Драч, каде досега се повредени повеќе од 70 лица.
Пред неколку минути нов земјотрес од 4,4 степени по Рихтер ја стресе Албанија, јавува Топ ченал.
Делови од Албанија кои најмногу се погодени од земјотресот се брез струја и мобиле сигнал, јавуваат албански медиуми.