Компанијата Гугл потврди дека приватните мејлови на Gmail некогаш може да бидат читани од трети лица, програмери на апликации, а не само од машини, јави Би-Би-Си.
Луѓето кои се конектирале преку трети апликации на своите акаунти, можеби несакајќи дале дозвола трети лица да ги читаат нивните мејлови.
Една компанија изјавила на Вол стрит журнал дека оваа практика е „честа“, но и „валкана тајна“.
Gmail е најпопуларниот сервис за мејлови со над 1,4 милијарда корисници.