Комисијата за уставни прашања денеска го потврди и третиот нацрт-амандман со кој Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независнот на соседните држави.
Владејачкото мнозинство тврдеше дека со амандманот 35 се потврдува дека Македонија и Грција немаат територијални претензии и дека го почитува нивниот суверенитот, територијалниот интегритет и политичка независност. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пак,сметаат дека амандманот е непотребен и дека треба да се тргне, зашто Македонија нема никакви претензии кон Грција.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров во образложението на амандманот рече дека со овој амандман се зацврстува довербата и се гарантира непроменливоста на границата со Грција.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, праша дали е предвидено и Грција да го смени Уставот и да вметне ваква одредба.
Димитров одговори дека не е тајна оти во Договорот од Преспа не е предвидено и Грција да вметне ваква одредба.
– Не е тајна дека ние сме страната на која и треба повеќе договорот, отколку на Грција. Тие се членки на ЕУ, на НАТО. Се обидувавме да најдеме некакво решение. Во преговорите, секогаш страната што има алтернатива е во подобра позиција. Со Договорот од Преспа Грција доби повеќе, но и Македонија доби повеќе – одговори Димитров.
Првите два амадмани со кои пред името Македонија се додава придавката „Северна“ и за промена на преамбулата веќе добија зелено светло во матичната комисија.
Преостанува пред пленарната седница закажана за први декември поддршка за нацрт амандманите да даде и Законодавно-правната комисија.