Трета Русинка настрада од мобилен телефон во када. Јулија Висотскаја (14) доживеала струен удар, а потоа се удавила во домот во Чебоксариј во Русија, кога во кадата ѝ паднал телефонот, што бил на полнач.
Нејзините родители веднаш повикале итна помош, но било предоцна. Медицинските работници можеле само да прогласат смрт на девојката.
Ова е трет ваков случај за една година во Русија, и покрај многуте предупредувања.
Официјалните лица рекоа дека користењето на мобилни телефони за време на капење, посебно кога апаратот е вклучен во струја, претставува руски рулет.
Да потсетиме, во декември Ирина Рибникова (15), мајстор за боречки вештини, почина додека го користела својот ајфон кој се полнел, додека била во када.