Трета година по ред Шифрин го освојува Светскиот куп

94
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Американската скијачка Микаела Шифрин го освои Светскиот куп во алпско скијање за трета година по ред, официјално објавија од Меѓународната скијачка федерација (ФИС). 23-годишната Шифрин има недостижна предност на врвот од 719 поени пред второпласираната Петра Влхова (Словачка) на седум трки пред крајот на сезоната (100 поени за победа). Американската скијачка досега освои 14 победи во Светскиот куп.

ФИС ја потврди победата на Шифин на Светскиот куп, иако денес нема натпревари, бидејќи супер-џи трката во Сочи (Русија) беше одложена за утре поради обилни снежни врнежи. Покрај тоа, една од двата планирани супер-џи трки нема да се одржи.

Денешната трка требаше да се одржи на местото на одложената во Ст. Антон (Австрија) во почетокот на јануари.

Шифрин и Влхова откажаа учество на трките во Русија.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...