Италијанскиот фудбалски клуб Гросето кој настапува во Серијата Д, го отпушти тренерот на младата екипа Томас Касалини кој на својот Фејсбук-профил брутално ја навреди 16-годишната Грета Тунберг.
Грета Тунберг е активистка за климатските промени, кога на Гугл ќе се пребара поимот „Грета Турнберг“, истиот момент се добиваат околу 200 милиони податоци и таа бројка постојано расте. Веќе и тоа покажува: таа стана глобален медиумски феномен. Медиумите ја следат на секој чекор, нејзините изјави се цитираат, таа е во ударните вести.
Изнервиран од нејзиниот говор, асистентот на првиот тим и тренер на младата екипа Гросето на својот Фејсбук-профил напишал:
„Таа е к…а! Шеснаестгодишна девојка која може да поднесе силен секс, таман има соодветни години!“
Тој потоа добил отказ од својот клуб кој се оддалечил дополнително од него со соопштение дека не се однесувал во склоп со моралните вредности кои се почитуваат во Гросето, а потоа и самиот тренер Касалини се огласил:
„Јавно им се извинувам на сите, почнувајќи од Грета Тунберг, поради објавата која ја напишав минатата недела! Тоа беше непромислена одлука напишана во момент на голема лутина кон младата шведска активистка, со сосема погрешен јазик и содржина поради што се каам“, напишал Касалини.
ФОТО: EPA / PETER FOLEY