ПСЖ ја освои Лига 1 доста пред крајот на сезоната, но отпадна од Лигата на шампионите и го загуби финалето на Купот на Франција по изведување на пенали.
Титулата во Франција сепак, не е доволна за да има хармонија во соблекувалната. За сериозна расправија меѓу Нејмар и Џулијан Дракслер, соопштува „Паризиен“ во денешното издание.
Пред неколку дена двајцата влегле во вербален спор, откако германскиот репрезентативец направил забелешка на Нејмар дека игра премногу индивидуално и не ја подава топката на своите соиграчи.
Како одговор, Бразилецот рекол: „Кој си ти да ми зборуваш на ваков начин? Знаеш само да ја враќаш топката назад“.
Веднаш потоа, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел и неколку играчи на тимот, спречиле физичка пресметка меѓу двајцата.