Тренерот на Роналдо: Обвиненијата за силување не му пречат

73

Кристијано Роналдо не е под влијание на тековната истрага, во врска со обвинувањата за силување против него. Ова го откри неговиот тренер, Масимилијано Алегри на прашање дали посетата на полицајците од САД во Торино за земање на ДНК примерок од Португалецот влијае врз него.

– Не мислам дека сето тоа му влијае. Не е поврзано со фудбалот и не е моја работа, но на тренинзите е мирен и концентриран. Тоа е важно за мене – прокоментира Алегри.

Тренерот додаде дека Роналдо ќе игра во натпреварот за Купот на Италија против Болоња (12 јануари, 20,45 часот).

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...