Тренерот на Ромa се извини, Фиорентина ги порази со 7:1

103

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, се извини на навивачите за поразот со 1:7 од Фиорентина во четвртфиналето на Купот на Италија.

Сепак, тој одби да зборува за евентуална оставка, бидејќи не размислувал никогаш по ова прашање.

– Веројатно ова е најтешкиот ден за тимот. Коментарите се излишни. Никогаш порано не сум бил во таква ситуација. Сега треба само да се извинам на навивачите, кои патуваа до Фиренца, како и на сите останати во Рим. Можам да повторам „извинете“ сто пати. Сега тимот има потреба од поддршка, треба да останеме заедно и да се обединиме. Кога станува збор за таков хорор, мора да го преживееме заедно, изјави Италијанецот по мечот.

Тој додаде дека нема потреба за дополнителна казна за играчите затоа што тие веќе ја добиле на теренот.

– Ние ќе разговараме за ситуацијата со тимот, мора да ги решиме проблемите. Можам веднаш да кажам дека немам намера да поднесам оставка. Никогаш не сум размислувал за тоа, рече Франческо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...