Калчолигашот Џенова денеска го разреши тренерот Аурелио Андреацоли, објави прес-службата на клубот.
За тимот на Џенова настапува капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.
Во медиумите се појавија кандидатите за наследник на 65-годишниот тренер. Како главни претенденти се јавуваат Масимо Карера и Тиаго Мота.
По осум кола во Серија А, Џенова е на претпоследното место со само пет бода.
ФОТО: EPA/Alessandro Di Marco