Тренерот на шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, Карлос Моја забележа дека неговиот клиент имал одлична сезона.
– Јас би ја оценил оваа сезона со 9,9 од можна оценка 10. По сè што помина на почетокот на сезоната, Рафаел победи на два Грен слем турнира и ја заврши годината како прв рекет на светот. Ова е едноставно неверојатно. Тој се разви физички, психолошки, во смисла на разбирање на играта. Способноста на Надал да се развие е изненадувачка, изјави Моја.
Надал овој месец успеа да го симне Ѓоковиќ од врвот на АТП ранг листата и таму ќе презими.