Тренерот на младинскиот тим на Реал разрешен поради критики кон ѕвездите на клубот

238

Алваро Бенито, тренерот на младинскиот тим на Реал Мадрид, беше отпуштен откако ги критикуваше ѕвездите на клуб. Тој остро говореше по поразот на Реал од Барселона (0:3) во средата во полуфиналето на шпанскиот куп.

– Проблемот е што некои играчи се далеку од нивното ниво. Каземиру не е доволно добар да игра за Реал Мадрид ниту една минута. Кроос е фантастичен кога ветрот дува во негова корист, а кога не, се раствора.

За овие зборови, Бенито беше отпуштен. Се очекува дека на негово место ќе биде поставен легендата на клубот, Раул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...