Тренерот на Барса не го дава трофејот

266
ФОТО: EPA / Alejandro Garcia

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде посакува да го освои трофејот во Шпанскиот фудбалски шампионат пред истекот на сезоната слично како минатото првенство.

Сезоната 2018/19 година Барселона уште во април ја обезбеди титулата.

– Барселона е секогаш под притисок да ги освои сите можни трофеи. Би сакал исто како и минатата сезона уште во април да ја прославиме шампионската титула во Шпанија, а потоа да се фокусираме на останатите предизвици – истакна Валверде.

Во новото првенство каталонскиот клуб на 16 август на гости против Атлетик Билбао ќе го има својот премиерен настап.

ФОТО: EPA / Alejandro Garcia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...