Трајко Вељановски си замина од судот, има имунитет

652

Поранешниот собраниски претседател Трајко Вељановски, си замина од Кривичниот суд во Скопје каде беше повикан на распит како осомничен за дел од организаторите на настаните пред и по 27 април 2017 година.

За него и за ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се уште се во судот, обвинителството бара притвор.

Меѓутоа, Вељановски е актуелен пратеник и има пратенички имунитет, па за да се спроведе распит и потоа да има одлука дали ќе заврши во притвор или не, пратениците во Собранието треба да му го одземат имунитетот.

Вељановски: Десет години сум бил претседател со Собрание и јас да бидам организатор?

Во истрагата што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција осомничени се уште две лица и според неофицијални информации, станува збор за експремиерот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, и Никола Бошковски поранешен вработен во Тајната полиција, кој, пак, е во бегство во Грција, а е осомничен од СЈО за прислушувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...