Александар Трајковски, кој неодамна беше фотографиран во Будимпешта во друштво на Никола Груевски, најверојатно не бил единствениот вработен од Царинската Управа на Македонија, што бил на средба со поранешниот премиер кој минатиот месец доби азил во Унгарија, пишува Дојче Веле.
Истиот ден кога Трајковски авионски заминал за Будимпешта, според неофицијални информации, кон истата дестинација со возило од Скопје тргнале уште две лица. Како што велат извори од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за нив е познат идентитетот на едниот кој во полупрофил е снимен на 12-ти декември од унгарската „24“, кој разговара и седи непосредно до Груевски во ресторан во Будимпешта. Велат дека на снимката е лице од Скопје, исто така вработено во Царинската Управа на Македонија. Според нашите соговорници, тој бил член на ВМРО-ДПМНЕ, но, не бил познат за пошироката јавност.
Повеќе за ова можете да прочитате ТУКА.