На паузата од рочиштето за „Насилството во Центар“, обвинетиот Александар Трајковски, кој во Будимпешта беше фотографиран со екс премиерот Никола Груевски, изјави дека бил во Унгарија на специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.
Трајковски рече дека бил на лекување во „Дуна медикал“. Тој на нановинарите им приложи документација и сметки за платениот преглед. Трајковски одби да коментира за средбата со Груевски.
– Да бев еден чекор назад, немаше да се знае дека сум во Унгарија – изјави Трајковски.
На денешното рочиште тој ја носеше и медицинската документација која според него му треба да го затвори боледувањето, кое го користи од 5-ти декември.
Претходно тој ги одбегна новинарите.