Трачевите за реконструкцијата ѝ ја отежнуваат работата на Дескоска

541

Министерката за образование Рената Дескоска денеска изјави дека очекува за две недели да бидат познати решенијата во однос на реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Зоран Заев.

Таа се пожали дека постојаното споменување на нејзиното име како дел од новите решенија во реконструираниот владин состав ѝ ја отежнува работата на актуелната функција во МОН.

– Веќе трет пат ме реконструираат. Да почекаме, набрзо ќе бидат познати решенијата што ќе бидат договорени. Инаку, цело време циркулирањето на моето име кога ќе се спомене реконструкција не ми го олеснува работењето во Министерството, бидејќи секогаш има една група која сака полежерно да работи и очекува дека ќе ме реконструираат. Така што, да почекаме за една недела – две, сигурно ќе се знае – рече министерката Дескоска на прашањето во врска со спомнувањето на нејзиното име како кандидат да го преземе Министерството за правда, по промоцијата на специјалното издание на Уставот на РМ на брајова азбука, денеска во Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...