Откако е потврдено дека Мадона ќе биде музичката гостинка на Евросонг, организаторите денеска соопштија и кој ќе го отвори фестивалот во Тел Авив.
Евросонг ќе го отвори Дaна Интернешенал, која пред 21 година ја шокира европската публика и му ја донесе победата на Израел во 1998 година.
Точно по 20 години музичкиот напревар повторно се одржува во Тел Авив, а првата трансродна ѕвезда на Евросонг ќе ја испее тогашната победничка песна „Дива“.
Дана таа ноќ ги збесна сите конзервативци во Европа. Особено беа бесни групите на ортодоксните Евреи, кои таа година го бојкотираа фестивалот поради нивната претставничка.
– Со оваа победа Господ му докажа дека е на мојата страна – им рече на новинарите по Еворсонгот и со тоа предизвика уште поголем бес кај верниците во Израел, но по победата стана европска ѕвезда и една од најпознатите транссексуалки на светот.
Дана денес има 47 години и понатаму е една од најпознатите пејачки во Израел.
FOTO: Printskrin/Youtube/maxresdefault