Трансродните спортисти од следната година ќе можат да се натпреваруваат на КросФит

Досега трансродните спортисти мораа да се натпреваруваат во конкуреција на родовите кои ги имале при раѓање.

102

КросФит најави дека трансродните спортисти од следната година ќе можат да се натпреваруваат на КросФит игрите, објави „Баз фид њуз“.

Досега трансродните спортисти мораа да се натпреваруваат во конкуреција на родовите кои ги имале при раѓање.

Трансродната жена Клое Џонсон поради тоа го тужеше КросФид бидејќи и било забрането да се натпреварува во женска категорија во 2014 година.

„Баз фид Њуз“ наведува дека случајот бил решен во 2015 година. По најновата одлука на КросФид, Џонсон е пресреќна.

– Тоа е огромна работа за нас. Нема причина да имаме негативни чувства кон КросФид. Само на своите транс браќа и сестри им овозможив да имаме можност да се натпреваруваме – изјави Џонсон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...