Актерката Лаверн Кокс (47) храбро облече проѕирен фустан, без да носи долна облека, а интимните делови ги покри само со ленти, на премиерата на „Ангелите на Чарли“ во Лос Анџелес. Дури и чевлите ѝ беа од проѕирен материјал.
Американската актерка е позната и како активистка која жестоко се залага за правата на трансродовата заедница. Во серијалот „Orange Is The New Black“ таа игра трансродова фризерка и затвореник.
Таа беше рангирана на првото место на списокот World Pride Power на „Гардијан“, кој ги истакнува највлијателните ЛГБТ припадници во светот и беше прогласена за една од 50 транс икони од „Хафингтон пост“.
Лаверн е родена како маж и има брат близнак, но изјавила дека секогаш се чувствувала како жена. Поради тоа, имала проблеми на училиште и размислувала за самоубиство затоа што се заљубила во момче.
– Мислев дека светот никогаш нема да ме прифати каква што сум. Веќе напишав проштална порака во која барам да ми се обраќаат како жена по смртта. Мило ми е што сум жива – рекла актерката.
Ова лето, Лаверн ја прекина својата двегодишна врска со Кајл Дрејпер, со кого се запозна на Тиндер.