Трамп ќе воведе царини и за БMВ и „Мерцедес“

Американскиот претседател бара компаниите да отворат погони во САД.

306

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини за увоз на автомобилите на големите европските автопроизводители, како БMВ и „Мерцедес“, доколку не отворат свои погони во САД.

– Тие го имаат БМВ, го имаат „Мерцедес“. Имаат многу добри возила кои влегуваат (во САД). Сакам да ги произведуваат овде. Ако сакате да ги продавате (автомобилите) на Американци, произведувајте ги овде – им порача Трамп на европските автомобилски компании во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“.

Тој нагласи и дека ги одбил предлозите на Европската Унија, кои предвидувале царините за автомобилите на двете страни „да бидат сведени на нула“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...