Трамп тврди дека отпосле дознал за исплатите на жените со кои наводно имал афери

1018

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека дознал за исплатата на пари на две жени кои тврдат дека со него имале афера откако неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен извршил уплата и додал дека парите биле негови, а не од претседателската кампања.

– Отпосле дознав – изјавил Трамп на „Фокс Њуз“ на паршањето дали знаел за плаќањето.

– Парите не се земени од кампањата, туку се мои – додал Трамп.

Коен при признаниетто на вина за осум обвиненија, кои вклучуваат и одбегнување на плаќање данок, банкарски измами и кршење на правилата за финансирање на кампањата, рекол на федералниот суд вчера дека по барање на Трамп, односно на барање на претседателскиот кандидат во 2016, извршил исплати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...