Американскиот претседател Доналд Трамп на шега кажал дека би го дал Порторико за Гренланд. Ова го изјавил за време на приватната дискусија која траела година дена за купување на овој остров, пренесува „Индепендент“.
Како што наведува медиумот, Трамп ризикувал со тоа што ја откажа планираната посета во Данска бидејќи Копенхаген го одби неговото барање за продажба. Тој ја нарекол данската премиерка Мете Фредериксен „непријатна личност“.
Порторико се наоѓа на територијата на САД, но како што наведува медиумот, Трамп во минатото имплицирал на Твитер дека не е, велејќи оти официјалните лица „земаат само од САД“.
Неодамна, тој ја нарекол градоначалничката на Сан Хуан, Кармен Јулин Круз, која е и негова голема критичарка, „луда и неспособна“.
Круз по повод вестите за Данска овие денови, изјавила дека мандатот на Трамп во Белата куќа е „апсурдно претседателство“.
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS