Трамп: Сведочењето на Малер е штетно за демократите

62
ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп, по сведочењето на поранешниот специјален истражител Роберт Малер пред Конгресот, оцени дека „Републиканската партија имала убав ден“, додека истрагата за соработката на неговиот изборен штаб со Русија ја нарече „лов на вештерки“ и „измама“.

Трамп кажа и дека Малер, кој пред конгресмените потврди дека претседателот не го ослободил од сомнеж, вчера немаше добар настап пред два одбора на Претставничкиот дом и дека тоа негативно ќе влијае на шансите на демократите во изборната кампања 2020 година, пренесува Гласот на Америка.

– Денеска имавме многу убав ден, Републиканската партија, нашата земја. Не постои одбрана за тоа што Роберт Малер се обиде да брани. Мислам дека сите разбираат дека нема одбрана од оваа смешна измама, овој лов на вештерки, што трае веќе предолго – рече Трамп.

ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...