Трамп: Реалноста е дека Ерусалим е нивниот главен град, одиме чекор понатаму со отварањето на амбасада во Светата земја ВИДЕО

333

Американската амбасада во Ерусалим беше отворена денес, а тој потег предизвика масовни протести на Палестинците и страв од поголеми нереди.

– САД денес и служебно ја отвараат својата амбасада во Ерусалим – потврди Давид Гридман, американскиот амбасадор во Израел.

Претходно во текот на денот, израелската војска уби најмалку 38, а рани повеќе од 1700 Палестинци за време на немирите на гранцата помеѓу Израел и Појасот Газа.

На отварањето не присуствуваше Доналд Трамп, наместо кој пристигнаа ќерката и зетот на претседателот, Иванка Трамп и Џаред Кушнер.

Трамп на присутните им се обрати преку видео врска.

– Долго чекавме на овој момент, бидејќи Израел го одреди Ерусалим за главен град уште во 1948 година, по создавањето на државата. Израел е суверена нација која како и секоја друга држава има право да одлучи кој град ќе биде нивен главен град. Реалноста е дека Ерусалим е нивниот главен град и ние го признавме. Денес одиме чекор понатаму со отварањето на амбасада во Светата земја – рече Трамп.

– Наша најголема надеж е мирот, САД се целосно посветени на одржување долгорочен мировен договор и отстранување на статусот кво од светото место. САД секогаш ќе бидат сојузници на Израел во потрагата по слобода и мир. Со овој чин е потврдено пријателството кон Израел, Палестинците и сите соседи – додаде американскиот претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...