Трамп по одлуката на Пелоси: Тоа е срамота

442
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе понуди алтернативен настан откако му беше оневозможено да одржи говор во Конгресот за состојбата на нацијата.

– Тоа е срамота – реагираше Трамп по одлуката на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси.

Имено, таа го извести вчера дека нема да му дозволи да одржи говор за состојбата на нацијата пред тој дом поради делумната блокада на владата. Трамп во писмо до неа претходно нагласи дека се радува за говорот на нацијата пред Конгресот на 29 јануари, по што таа му одговори дека тоа нема да биде можно додека делумната блокада на владата не биде прекината.

Претседателот има обврска до Конгресот да поднесе годишен извештај за состојбата на нацијата.

ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...