Трамп потрошил 115 милиони долари на голф патувања

261
ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп досега потрошил 115 милиони долари буџетски средства за патувања до своите хотелски ресорти и голф терени, парите вклучуваат и плата за обезбедувањето. Таа сума е еднаква на 287 години претседателска плата, пишува „Хафингтон пост“.

Од таа сума, повеќе милиони долари се слеани на сметки на негови фирми, бидејќи специјалните служби за обезбедување, и други официјални лица од администрацијата, престојуваат и ручаат во неговите хотели.

Денот на благодарност, семеен празник во САД што ги најавува божиќните и новогодишни празници, Трамп одлучи да го помине во неговата приватна разиденција „Мар-а-Лаго“ во Палм Бич на Флорида, што официално стана претседателска, бидејќи тоа е неговото омилено место за престој. Трамп неодамна своето жителство го префрли од Њујорк во Палм Бич, најверојатно поради даночните истраги.

Изданието се обидело да дознае колку чини престојот на Трамп и другите вработени од Белата куќа за време на Денот на благодарноста, но од администрацијата одговориле дека не знаат.

Уставната клаузула за исплата на чиновниците забранува претседателот да прима друга државна или федерална парична корист надвор од редовната плата.

Некои невладини организации како „Пропублика“ или Имот за народот, открија дека даночните обврзници платиле 546 долари за една ноќ престој на 24 официјални лица за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг во 2017 година. И таа сума била за трипати повисока од нормалните хотелски цени во ресортот и максимална дозволена според федералните правила.

Вработени во администрацијата тогаш потрошиле околу илјада долари само за 54 пијачки од хотелскиот бар, дознаваат од „Пропублика“.

Други информации укажуваат дека специјалните служби и агентите за обезбедување на претседателот во голф клубот само за првите пет месеци од неговото претседателствување чинеле 254 илјади долари. Во текот на тоа време Трамп играл голф 25 пати, а на ресортите и терените што ги поседува тој, досега играл голф вкупно 223 пати.

Според ова, само службите за обезедување потрошиле 2.3 милиони долари, пари на даночните обврзници, на хотели и имоти кои се во сопственост на Трамп, дознава изданието.

Трамп го критикуваше неговиот претходник Барак Обама дека троши премногу време на голф наместо да работи.

-Ако станам претседаел ќе ги заборавам Турнбери и Дорал. Нема да видам ништо од тоа, ќе престојувам само Белата Куќа и ќе работам, порача Трамп на митинг во 2016 година, алудирајќи на своите два голф клуба.

Во својот прв мандат Обама играл голф вкупно 88 денови, додека Трамп досега бил на голф 223 денови. Денешниот е 224-ти.

Од друга страна, Обама најмногу играше голф во воени бази лоцирани во близина на Вашингтон, додека Трамп постојано лета до своите голф терени во Њу Џерси и Флорида, а со тоа патните и трошоците за обезбедување се несразмерно повисоки. Во текот на официјалната посета на Лондон лани, Трамп „скокна“ и до својот голф клуб Турнбери во Шкотска, за што потроши дополнителни 3 милиони долари пари на буџетски средства.

И потпретседателот Мајк Пенс се најде на удар на критики кога во септември годинава одлучи да „тркне“ до Дунбег, голф клубот на Трамп во Ирска. Клубот е оддалечен со часови патување од предвиденото место на тогашната посета на Пенс. Отприлика во истот време, Трамп предложи следниот самит на групата Г-7 да се оддржи во неговиот ресорт на Флорида, но планот беше напуштен поради поплаките во јавноста.

-Станува целосно јасно дека Трамп ја користи својата претседателска функција за да ги полни џебовите со пари, изјави Џордан Либовиц од вашингтонската организација Граѓани за одговорност и етика.

ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...