Трамп повика ОПЕК да „олабави“ со високите цени на нафтата

210
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Организацијата на производители и извознички на нафта (ОПЕК) да „олабави“ и да не ги zgolemuva цените на нафтата кои, според него, се превисоки.

Тој денеска на Твитер ја повика ОПЕК да не презема мерки за зголемување на цените на нафтата кои „стануваат превисоки“.

-ОПЕК, ве молам олабавете и смирете се. Светот не може да поднесе зголемени цени – тој е кревок!

Твитот на Трамп денеска предизвика видлив пад на цените на нафтата на светските берзи. Цените на поставките за мај на нафтата „Брент“ кон средината на денот се намалија до 66,33 долари за барел, додека цените на априлските поставки за тексашката „лесна“ нафта достигнаа 56,49 долари за барел.

Според познавачите, цените на нафтата реагираа и на позитивните вести од трговските преговори помеѓу САД и Кина.

Трамп и претходно неколку пати повикуваше ОПЕК да се воздржат од преземање мерки за зголемување на цените на нафтата.

Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...