Трамп: Не знам ништо за Асанж, тоа не е моја работа

129
EPA-CHRIS-KLEPONIS

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да го коментира денешното апсење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, велејќи дека не знае ништо за тоа.

Британската полиција денеска го уапси Асанж откако Еквадор му го одзеде азилот, кој му овозможи да остане седум години во Амбасадата на таа земја во Лондон.

– Тоа не е моја работа, им изјави Трамп на новинарите во Овалната соба.

Трамп за време на изборната кампања во 2016 година неколку пати го пофали Викиликс кога ги објави мејловите на неговата ривалка Хилари Клинтон

Фото: EPA/CHRIS KLEPONIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...