Трамп: Наскоро ќе има информација дека ја контролираме цела територија

244
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека следната недела очекува формална објава дека Коалицијата што се бори против Исламска држава ја контролира цела територија што претходно беше заземена од екстремистичката група.

– Војската на САД, нашите коалициски партнери и Сириските демократски сили буквално ја ослободија цела територија што претходно беше заземена од ИД во Сирија и во Ирак – истакна Трамп на состанокот во Вашингтон на кој присуствуваа претставници на Коалицијата во борба против ИД.

Тој додаде дека таквата информација најверојатно ќе биде соопштена следната недела.

– Ние ќе имаме 100 отсто од калифатот и јас сакам да го почекам официјалното соопштение – наведе Трамп.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...