Трамп: Можев да спијам со леди Дијана, жал ми е што тоа не се случи

- Би ѝ рекол да дојде во мојот автомобил на мал преглед – зборувал Трамп.

922
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Принце­за­та Ди­ја­на за­ги­на на кра­јот на ав­густ 1997 го­ди­на во сообра­ќа­ј­на нес­реќа во Париз. Пред неј­зи­на­та смрт, во ин­тер­вју со познатиот радиски водител Ха­у­ард Стерн, аме­ри­кан­ски­от претседа­тел До­налд Трамп се пофа­лил де­ка можел да ја од­не­се во кре­вет,пре­не­су­ва „Ми­рор“.

– Си мо­жел да спи­еш со неа? – го пра­шал за­чу­де­но Стерн, а Трамп пот­врдно му од­го­во­рил.

Трамп тогаш се пошегувал со принцезата Дијана.
– Би ѝ рекол да дојде во мојот автомобил на мал преглед – зборувал Трамп.

Откако Дијана загинала, Трамп зборувал дека тие двајца би биле во врска доколку таа е жива, а Доди ал Фаед би „испаднал“ од приказната. Исто така, Доналд ја напишал книгата „Уметноста на враќањето“ (The Art of Comeback), која ја објавил по смртта на Дијана, а тогаш напишал дека единствено по што жали во љубовниот живот е што не бил со неа.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...