Трамп за уривањето на украинскиот авион: Некој можеби направил грешка

Украинскиот авион што вчера се урна во Иран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот во него, најверојатно случајно е соборен од иранската Противвоздушна одбрана (ПВО), соопштија американски претставници, цитирани од британските медиуми.

641

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека уривањето на украинскиот авион можеби се случило по грешка, но додаде дека имал ужасно чувство во врска со тоа, без да наведе детали.

– Некој можеби направил грешка –  изјави Трамп во Белата куќа.

Претходно, американскиот неделник „Њузвик“ објави дека украинскиот авион, кој се урна во близина на Техеран, го погодила ракета од руско производство „Тор-М1“. Весникот се повикува на неименувани официјални лица од Пентагон, како и на американската и ирачката разузнувачка служба.

Според нив, се проценува дека авионот бил случајно погоден.

Авионот се урна неколку часа по иранскиот ракетен напад на две бази во Ирак што ги користат американски војници.

Украинскиот авион што вчера се урна во Иран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот во него, најверојатно случајно е соборен од иранската Противвоздушна одбрана (ПВО), соопштија американски претставници, цитирани од британските медиуми.

Според еден од изворите, американските сателити го регистрирале истрелувањето на две ракети непосредно пред авионот да се урне во близина на аеродромот во Техеран, што било проследено и со сведоштва за експлозија.

 

Според кажувања на двајца експерти на кои се повикуваат британските медиуми, Вашингтон смета дека соборувањето се случило по грешка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...