Трамп за Сулејмани: Зграпчивме тотално чудовиште, тој сакаше да ја разнесе Амбасадата на САД во Багдад

401
ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД го уби иранскиот генерал Касим Сулејмани затоа што сакал да ја разнесе Амбасадата на САД во Багдад и дека ликвидацијата е дел од неговата предизборна кампања.

– Ние зграпчивме тотално чудовиште… а тоа требаше да се случи одамна. Го направивме тоа бидејќи сакаше да ја разнесе нашата Амбасада – изјави Трамп на предизборниот собир во Толедо.

Тој исто така додаде дека САД изведе смртоносен напад со дрон над Сулејмани бидејќи учествувал во организирање на проиранскиот напад на американската воена база во Ирак во декември минатата година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...