Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече животни, илегалните имигранти во Калифорника, на тркалезната маса за градовите во САД кои им даваат засолниште на имигрантите.
-Тоа не се луѓе, туку животни. Ќе ги протераме од земјава со брзина како никогаш до сега злите престапници што се едни од најнасилните во светот, како членовите на групата МС-13, криминалната банда од Салвадор – изјави Трамп.
Трамп додаде дека недолжи мажи, жени и деца се на немилост на садистички криминалци. Неговата изјава предизвика жестоки реакции меѓу демократите кои му одговорија дека имигрантите се човечки суштества. Во Калифорнија, бастион на демократите, живее најголем број илегални имигранти во САД.