Трамп закажал тајна средба со Талибанците, па соопшти дека се премислил

Трамп изјави дека ги „откажал мировните преговори“, прашувајќи се кој би „убил толку многу луѓе за навидум да ја зацврсти својата позиција“ во преговорите.

97
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ја откажал денешната тајна средба, која требаше да се одржи со талибанците и авганистанските власти во Кемп Дејвид.

Тој на Твитер напиша дека состанокот е откажан поради нападот на Талибанците во четвртокот во Кабул, во кој загинаа 11 лица, меѓу кои и еден американски војник.

Трамп изјави дека ги „откажал мировните преговори“, прашувајќи се кој би „убил толку многу луѓе за навидум да ја зацврсти својата позиција“ во преговорите. Тој додаде дека ако Талибанците не можат да го почитуваат прекинот на огнот за време на преговорите, тогаш „тие веројатно немаат моќ“ да преговараат за мировен договор.

Нападот се случи во време кога САД и Талибанците се надеваа дека ќе бидат близу до постигнување мировен договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...