Трамп до американските компании: Не ни треба Кина и, искрено, ќе ни биде подобро без неа

Тој истакна дека им наредил и на поштенските служби како „Федекс“, Амазон „Ју-Пи-Ес“ или Американски пошти да одбијат да испорачуваат од Кина во САД.

1766
ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку Твитер им нареди на американските компании да ја напуштат Кина, откако Пекинг возврати со царини за стоки од САД во вредност од 75 милијарди долари, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во соопштенијата на Твитер, Трамп истакна: „нам не ни треба Кина и, искрено, ќе ни биде подобро без неа“.

– Огромни суми пари се крадени од Кина со години, со децении. Тоа мора да запре, напиша претседателот Трамп.

Додаде дека им наредил на американските компании веднаш да почнат да бараат алтернатива на Кина или да ги префрлат своите производствени операции „дома и да прозведуваат во САД“.

Тој истакна дека им наредил и на поштенските служби како „Федекс“, Амазон „Ју-Пи-Ес“ или Американски пошти да одбијат да испорачуваат од Кина во САД.

Во увозните царини на производи во висина од 75 милијарди долари што денеска ги воведе Кина првпат се најде и американска нафта, а тарифита за автомобили произведени во САД беа обновени. Ова беше одговор на тарифите за кинески стоки од 300 милијарди долари претходно воведени од Трамп.

Царините стапуваат во сила сукцесивно, на 1 септември и 15 декември.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...