Доналд Трамп во неделата се појавил во една црква во Вирџинија со сосема поинаква фризура од онаа на која сите сме навикнати да ја гледаме.
Трамп во црквата пристигнал со капа на главата и во својата облека за голф, па многумина заклучиле дека немал време да се пресоблече и среди. Кога ја тргнал капата, вниманието го привлекло неговата коса.
Имено, Доналд ја зачешлал косата наназад, што ги потсетило некои корисници на Твитер на ликот Гордон Геко кој Мајкл Даглас го глумеше во филмот „Волстрит“ од 1987 година.
Корисниците на Твитер не престануваат да ја коментираат ваквата промена – некои ја исмевале новата фризура на претседателот, но имало и такви на кои им се допаднала.
„Изгледа како вистинска личност, а не како портокалово суштество со коса која ќе одлета“, „Оваа фризура е уште полоша од оние кои ги носи секој ден“, „Тоа е Доналд Трамп. Тој отишол да се моли за жртвите од нападот откако играл голф. Тоа е неговата голф фризура“, „Не ви се допаѓа косата на Трамп? Баш добро изгледа“, „Изгледа како друга личност“, се само дел од коментарите кои се појавиле на социјалните мрежи.
FOTO: EPA/Twitter
FOTO: Printskrin/Tviter