Трамп го укинува стекнувањето државјанство со раѓање

424
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација почнала процес за укинување на стекнување државјанство со раѓање.

Во интервју за порталот Аксиос, Трамп изјави дека соработува со правни советници за стави крај на практиката која постои од 1968 година и пропишува дека државјанство автоматски му се доделува на секое лице родено во САД.

– Ние сме единствената земја во светот каде што едно лице може да дојде, да роди дете и да стане американски државјанин во следните 85 години со сите привилегии кои одат со тоа – рече Трамп.

Тој додаде дека тоа е смешно и мора да се укине.

– Процесот е во тек и следи потпишување извршна наредба – додаде тој.

Спротивно на мислењето на Трамп, десетици земји во светот нудат неограничено државјанство со раѓање, вклучувајќи ги и Канада и Мексико.

ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...