Трамп го пофали Помпео за пцуењето на новинарката: Ти направи добра работа!

268

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали однесувањето на државниот секретар Мајк Помпео кон новинарката на Националното јавно радио (НПР) кон која, по недоманешното скандалозно интервју, викал и пцуел.

– Таа новинарка не направила сосема добра работа со тебе, му кажа Трамп на Помпео во текот на претставувањето на својот мировен план за Блискиот Исток, што предизвика смеење кај присутните официјални лица во Белата куќа.

– Мислам дека ти со неа направи добра работа – додаде Трамп, пренесуваат британските медиуми.

Новинарката на НПР Мери Луиз Кели во петокот имаше интревју со Помпео во текот на кое тој негодуваше заради прашањето за Украина, па интервјуто набрзо беше прекинато.

Таа изјави дека Помпео по интервјуто во приватен разговор викал кон неа, ја пцуел и прашал дали мисли дека на Американците им е гајле за Украина.

Помпео во саботата преку соопштение кажа дека новинарката лажела околу договорот за интервју, но не го оспори тоа што таа го кажа за нивниот разговор.

Во меѓувреме, Стејт департментот симна друга новинарка на НПР од листата на репортери кои со Помпео ќе патуваат во Велика Британија, Украина, Белорусија и централна Азија.

Фото: EPA-ANDY-RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...