Американскиот претседател Доналд Трамп го одликуваше со медал и плакета кучето Конан, кое учествуваше во операцијата на американските специјалци, што резултираше со смрт на водачот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.
– Ова е Кокан. Тој во моментов е најславното куче на светот -рече Трамп, претставувајќи го военото куче пред медиумите во Белата куќа.
Трамп сакаше да го одликува кучето уште од операцијата во северозападна Сирија во октомври, во која тој беше полесно повреден.
Конан се опорави и се врати на должноста.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.