Трамп го нарече Иран „непријателски“ и „провокатор број еден на тероризмот“

131
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран ќе се соочи со „голема сила“ доколку се обиде да направи што било против американските интереси на Блискиот исток.

– Ако направат нешто, ќе се соочат со голема сила – рече Трамп, но додаде и дека нема сигнали дека Иран ќе направи такво нешто.

Трамп во изјава за новинарите во Белата куќа повторно го нарече Иран „непријателски“ и „провокатор број еден на тероризмот“.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...