Американскиот претседател Доналд Трамп денеска и оддаде признане на Германија, нагласувајќи дека таа е една од „највредните сојузници“ на САД.
– Студената војна одамна заврши, но тиранските режими во светот продолжуваат да користат тоталитаристички тактики на угнетување од советски тип и тоа фрла трајна сенка врз историјата – пишува во соопштението на Белата куќа по повод 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.
Трамп додаде дека САД ќе продолжат да соработуваат со Германија за да може „пламенот на слободата да гори како пламен на надеж и можност за целиот свет“.
Односите меѓу Вашингтон и Берлин се заладени од доаѓањето на Трамп за претседател на САД. Американскиот претседател редовно ја критикува германската канцеларка Ангела Меркел поради нејзината мигрантска политика, а Германија што како членка на НАТО не ги исполнува своите финансиски обврски.
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS