Трамп во војна со режисери на Твитер

309
EPA-CHRIS-KLEPONIS

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека режисерот Спајк Ли, во говорот по добивањето на Оскарот, Ли „го нападнал на расна основа, иако за Афроамериканците направил повеќе од било кој досегашен претседател“.

Ли во својот говор ги повика Американците да размислат за претседателските избори во 2020 година.

– Би било добро ако Спајк Ли би можел да ги прочита своите белешки, или уште подобро воопшто да не користи белешки кога вашиот претседател го обвинува за расизам, кој има направено повеќе за Афроамериканците (реформа на кривична правда, најниска невработеност во историјата, намалување на даноците, итн) од кој било друг претседател ! – напиша Трамп на Твитер.

Ли, заедно со уште тројца коавтори,  освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио за драмата „BlacKkKlansman“.

Режисерот во говорот на церемонијата на доделувањето на Оскарите не го спомна директно Трамп, туку зборуваше за доаѓањето на робовите од Африка во САД и историјата на неговото семејство, а потоа ги спомена и претстојните претседателски избори.

– Сите да бидеме на вистинската страна на историјата. Направете морален избор меѓу љубовта и омразата. Ајде да направиме добар избор – рече Ли.

ФОТО: EPA-CHRIS-KLEPONIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...